Марка: На Модриќ на почетокот на сезоната му донесоа конкурент, а Хрватот го „изеде“

Реал Мадрид одигра разочарувачка сезона за амбициите на клубот. На домашната сцена не беше одбранета титулата, повторно не беше освоен ни Купот, а во Лигата на Шампионите избраниците на Зинедин Зидан беа сопрени во полуфиналето од Челси кој во двомечот го надигра „кралскиот“ тим.

Тоа беше повод за најчитаниот шпански медиум „Марка“ во текстот за импресијата на сезоната за мадридскиот состав поединечно да ги оцени играчите во „бело“. Најдобри оцени добија голманот Куртоа и голгетерот Бензема, а на третото место се најде Лука Модриќ кој повторно ги воодушеви експертите.

„Со 35 години одиграни дури 48 натпревари и тоа на ниво на кое играше и пред три години кога ја освои Златната топка, поради што и Реал го продолжи договорот со него. Претходното лето Реал му го донесе Одегард како конкуреција. Хрватот го ‘изеде’“, пишува Марка.

Одегард имаше одлична сезона во редовите на Реал Сосиедад, но не успеа да се наметне во средината на теренот покрај Модриќ и Крос. Норвешкиот интернационалец на крајот замина на позајмица во Арсенал, а се очекува да се врати во редовите на мадридскиот состав за следната сезона.

Убедливо најлоша оценка добија Лука Јовиќ и Еден Азар кои беа доведени како најголеми засилувања во „новиот Реал“. Србинот не успеа да ја пренесе добрата игра од Ајнтрахт, додека Белгиецот не беше ни блиску на нивото на кое играше за Челси.

Се вчитува...