Маркес доминантно до нова победа во Мото ГП

Марк Маркес продолжи со импресивните изданија од Мото ГП шампионатот откако возачот на Дукати стигна до триумф на трката за ГН на Арагон.

Осумкратниот првак извозе одлична трка, доминирајќи од почеток до крај, откако цел викенд делуваше импресивно, остварувајќи најдобри времиња на сите тренинзи, во квалификациите како и на главната трка.

Триумфот денеска не беше доведен во прашање, а најблиску до Марк беше неговиот брат Алекс Маркес, кој го освои второто место со две секунди заостанување, пред Франческо Бањаја на третата позиција.

Марк Маркес е лидер и во генералниот пласман со 233 бода, дури 32 повеќе во однос на Алекс, додека Бањаја е далеку на третата позиција со само 140 бода на своето салдо. Следната трка од Мото ГП шампионатот ќе се вози од 20 до 22 јуни за ГН на Италија на патеката Муџело.

Се вчитува...