Маркес: Не знам кога ќе се вратам на патеките… Mи се чини како никој од колегите да не сака да стане шампион

Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркес, во интервју говореше за неговото враќање на патеките по повредата на рамото која ја забележа на првата трка во годинашниот шампионат, но и се насочи кон неговите колеги кои водат „мртва трка“ за освојување на титулата во негово отсуство.

„Добивам многу прашања кога ќе се вратам. Едноставно не знам. Се надевам дека тоа ќе биде наскоро, што е можно побрзо. Чувствувам дека сум блиску до враќање на патеките и тоа е одлично. Благодарам на сите на поддршката. Што се однесува до моменталната ситуација во шампионатот, чудна е. Некогаш имам чувство како никој да не сака да победи. Можеби тоа е компликувано. Едно е кога си возач кој е четврти или петти и напаѓа за триумф, а друго е кога од тебе се очекува да победиш. Кога си на врвот мора да победуваш и тогаш почнуваш да се сомневаш самиот во себе“, изјави Маркез. 

 

Се вчитува...