Маркез: Бев беспомошен, но потоа го видов Рафа…

Марк Маркез откри дека нашол инспирација за камбек по тешките повреди кај легендарниот тенисер, Рафаел Надал.

Маркез со години се бореше со повреди кои се закануваа да ја завршат неговата кариера.

„Се уште се сеќавам на денот кога Рафа го играше финалето на Австралија опен и победи по многу повреди. Седев дома, на каучот, со целосно вкочанета рака и си реков: „Во ред, и јас ќе го направам ова“. Поминав низ многу тешки денови и моменти, но Рафа Надал беше голема инспирација“, изјави Маркез. 

Се вчитува...