Маркез доби зелено светло за настап во Муџело, но…

Актуелниот шампион Марк Маркез доби дозвола од лекарите да се врати на патеката на Италијанското Гран При претстојниот викенд, но се уште не е сигурно дека ќе смее да настапи на трката.

Возачот на Дукати е надвор од акција уште од спринтот во Ле Ман, кога доживеа фрактура на петтата метатарзална коска, а потоа се покажа дека има проблем со рамото од октомври, поточно со шраф што се откина. Веднаш потоа, Маркез беше опериран во Мадрид, беа извршени две интервенции и тој ја пропушти трката за Француското Гран При и целиот тркачки викенд во „Каталонија“.

Дукати во вторник објави дека Шпанецот ќе патува во Муџело со цел да вози, но веднаш беше јасно дека прво ќе треба да добие дозвола од медицинскиот тим на шампионатот. Тоа се случи по пристигнувањето на Маркез на патеката во Тоскана, што значи дека тој ќе биде на патеката во петок во 10.45 часот, кога е закажан првиот тренинг за седмиот тркачки викенд од сезоната. Веднаш потоа, Шпанецот ќе има нови прегледи, кога ќе се знае дали ќе учествува во остатокот од акцијата во Муџело.

Се вчитува...