Маркез дојде до 100-та победа во кариерата!

Шпанскиот возач на Дукати, Марк Маркез, е победник на трката во шампионатот Мото ГП за Големата награда на Унгарија на патеката Балатон Парк.

Маркез стигна до триумфот со резултат од 42:55.32 минути. Шпанецот ја забележа својата 100-та победа во сите категории, за својот 74-ти триумф во „кралската класа“.

Второто место на Големата награда на Унгарија го освои возачот на Ред Бул КТМ, Педро Акоста, од Шпанија, кој заостануваше 1,343 секунди зад победникот.

Италијанскиот возач на Дукати, Франческо Бањаја, беше трет, 11,362 секунди зад Маркез.

Во првиот круг се случи инцидент, откако Хорхе Мартин ја изгуби контролата и ги собори Фермин Алдегуре, Марко Бечи, Раул Фернандез и Фабио ди Џанантони, кој беше единствениот што успеа да се врати на патеката и да ја продолжи трката.

Првото место во генералниот пласман го држи возачот на Априлија, Марко Бечеки, со 180 бода, додека второто место го зазема Шпанецот Хорхе Мартин од Априлија со 160.

Следната трка во шампионатот Мото ГП ќе се одржи на 21 јуни за Големата награда на Чешка.

Се вчитува...