Најдобриот мотоциклист на сите времиња Марк Маркез стигна до третата победа во четири трки во Мото ГП шампионатот сезонава откако денеска доминатно триумфираше на неговата омилена патека Саксенринг во Германија.
Шпанецот до победата стигна на убедлив начин пред двоецот на Трекхаус Априлија, Аи Огура и Раул Фернандез. Марко Беѕеки поради вчерашниот пад во квалификациите не настапи на денешната трка, додека лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин заврши како петти.
Мартин останува лидер, но сега на втората позиција е Аи Огура со само четиринаесет бодови негатива. На третото место се искачи Марк Маркез кој заостанува 18 поени, а пред само четири трки имаше негатива од 100 поени пред лидерите во шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
