Mаркез и дефинитивно доби зелено светло за настап во Муџело

Актуелниот шампион во кралската класат, Марк Маркез, доби дозвола од лекарите да вози до крајот на тркачкиот викенд на Големата награда на Италија, седмата рунда од овогодинешното Мото ГП првенство.

Возачот на Дукати вчера доби условно зелено светло да се врати на патеката, но со забелешка дека ќе мора да се подложи на нови прегледи по слободниот тренинг во Муџело.

Маркез го заврши првиот тренинг на 15. место, малку повеќе од една секунда зад најбрзиот Фабио ди Џанантони, а од говорот на неговото тело беше јасно дека новите тестови се само формалност.

Актуелниот шампион е надвор од акција уште од спринтот во Ле Ман, кога доживеа фрактура на петтата метатарзална коска, а потоа се покажа дека има проблем со рамото од октомври, поточно со шраф што се откинал. Веднаш потоа, Маркез беше опериран во Мадрид, беа извршени две интервенции и ја пропушти трката за Големата награда на Франција и целиот тркачки викенд во „Каталонија“.

Се вчитува...