Маркез нема да вози ниту во Валенсија, сепак можно е враќање за последните две трки

Актуелниот шампион во Мото ГП шампионатот Марк Маркез ќе ја пропушти и трката за големата награда на Европа, која викендов ќе се вози во Валенсија. До крајот на сезоната остануваат уште три трки, a на големата награда на Европа заедно со Алекс Маркез на Хонда ќе биде и Штефан Брадл.

Се уште не е познато дали Маркез ќе биде подготвен за последните две трки сезонава големата награда на Валенсија (15. ноември) и големата награда на Португалија (22. ноември), но од Хонда не исклучуваат тој да се врати на патеката како би добил на рутина и би почнал да се подготвува за новата сезона.

Се вчитува...