Марко Алчевски останува во Академија Пандев до 2026 година

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марко Алчевски го продолжи договорот со Академија Пандев до 2026-та година. Еден од најдобрите млади голмани во Македонија, денеска го продолжи договорот со клубот кој истекуваше за 6 месеци.

„Иднината на Академија Пандев се младите играчи, а Алчевски како капитен на У-21 репрезентацијата на Македонија ќе биде еден од темелите на клубот во наредните сезони. Во следниот период клубот ќе продолжи со промовирање и ангажирање на најталентираните играчи во државата и давање шанса за докажување во сениорскиот фудбал“, соопштуваат од клубот. 

Се вчитува...