Македонскиот вицепрвак Шкендија го засили својот напад со ангажманот на 26-годишниот напаѓач Марко Ѓорѓиевски.
По испаѓањето на романскиот клуб Херманштат во понизок ранг, Ѓорѓиевски експресно пронајде нова средина и одлучи да се врати во домашниот шампионат. Напаѓачот претходно во Романија настапуваше и за екипата на Клуж, каде замина по одличната авантура во Силекс, каде што се закити со титулата најдобар стрелец во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Во својата кариера, Ѓорѓиевски има богато домашно и интернационално искуство. На македонската сцена ги бранеше боите на Брера, Шкупи, Борец и Вардар, додека во Србија настапуваше за Вождовац и Раднички Пирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
