Марко Ѓорѓиевски ја надмина повредата, се враќа во тимот за денешниот меч со Тиквеш

Напаѓачот на Шкендија Марко Ѓорѓиевски ja надмина повредата и е во комбинација за настап на натпреварот на тетовци против Тиквеш во 6. коло од ПМФЛ денеска од 19 часот на теренот на „Куќата на фудбалот“ во Скопје.

Како што информираат од Шкендија, голманот Гаје исто така е во комбинација за овој натпревар, но тренерите ќе одлучат за неговото евентуално активирање.

Ѓорѓиевски, кој ова лето е се приклучи на Шкендија, постигна два важни гола во европските натпреварувања, против Браво од Словенија и Хиберниан од Шкотска, на двата натпревари откако влезе од клупата за резервни играчи. Тој се повреди на 12 август и оттогаш е надвор од терените.

По опоравувањето, 26-годишникот доби одобрение од медицинскиот тим и кондицискиот тренер да се врати во тимот за денешниот дуел со Тиквеш во Скопјe.

Играчот од средниот ред Ендрит Красниќи и голманот Бабукар Гаје исто така се враќаат во тимот за овој натпревар, додека играчот од средниот ред Рафаел Фреитас и левиот бек Бојан Димоски сè уште не се подготвени.

Се вчитува...