Марко Ѓорѓиевски стрелец за Раднички Пирот

Пред доаѓањето на репрезентативниот собир на младата репрезентација за последните два квалификациски натпревари, офанзивецот Марко Ѓорѓиевски стрелец за Раднички Пирот во Првата лига на Србија.

Откако во претходното коло беше избран и во тимот на колото во лигата, Ѓорѓиевски продолжува со одличните игри сега партиципирајќи со погодок во ремито (2-2) на својот тим против Будуќност Добановци.

Ѓорѓиевски погоди уште во 6. минута на натпреварот за водство на Раднички од 1-0. До крајот, сепак, домашните не успеаја да ја зачуваат предноста.

Се вчитува...