Марко Ѓорѓиевски во нападот на Академија Пандев

Академија Пандев денеска го промовираше младинскиот репрезентатиец Марко Ѓорѓиевски за ново засилување. Ѓорѓиевски во „Пандевци“ доаѓа од таборот на Шкупи каде што настапуваше во изминатите шест месеци како позајмен од Вождовац, а сега му истече договорот со српскиот тим и како слободен доаѓа во струмичкиот прволигаш.

Покрај Вождовац, тој во минатото беше дел од Раднички Пирот, од Борец, а беше дел и од младинските школи на Вардар.

Ѓорѓиевски е актуелен младински репрезентативец. За младата селекција има шест настапи и еден гол.

Академија Пандев пред десетина дена ги почна подготовките за новата сезона и дуелите во Лигата на Конференции. Прв противник во Европа за „Академците“ ќе биде тимот на Лехија Гданск.

Се вчитува...