Марко Росе: Ова беше тешка задача за Салцбург, мораме максимално и во реваншот

Австрискиот првак Салцбург ја совлада Шкендија со 3-0 во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тимот на Ќатип Османи ’падна’ по прекини на игра, два пенали и погодок на Дабур со удар со глава, по слободен удар.

Тренерот на Салцбург, Марко Росе, смета дека Шкендија била одличен ривал и дека неговиот тим имал навистина тешка задача.

„Ова беше тешка задача за нас. Имавме среќа што постигнавме два гола во првиот дел, а мора да се признае дека и Шкендија имаше свои шанси. На крајот заврши како што посакувавме на овој прв меч, но мораме да одиграме максимално сериозно и во реваншот. Би рекол дека треба да бидеме на 120% од своите можности и во Скопје“, изјави Марко Росе, тренерот на Салцбург.

Се вчитува...