Марко Рус ја победи болеста и му се враќа на фудбалот

Ајнтрахт вечерва го игра четвртфиналниот меч од Купот на Германија против Арминија, меч на кој фановите на тимот од Франкфурт ќе го поздрават својот капитен Марко Рус, кој ќе го има својот камбек на терените само девет месеци откако му беше дијагностициран рак во финишот од ланската сезона.

Одличниот дефанзивец најпрвин му помогна на својот тим преку бараж да обезбеди опстанок во елитата, а потоа ја доби и битката со тешката болест. Тој од јануари почна да тренира со остатокот од тимот, а вечерашниот меч ќе го почне од клупата за резерви.

Добре дојде назад, Марко Рус“ – можеше да се прочита денеска на официјалниот твитер-профил на тимот на Ајнтрахт, но тренерот Нико Ковач јасно стави до знаење дека нема да го ризикува дефанзивецот кој се уште не е во натпреварувачки ритам.

Можеби ќе одигра неколку минути, но очигледно е дека е надвор од посакуваниот ритам. Не сакаме да ризикуваме со него и неговото здравје, целта е да тренира со тимот, па кога ќе влезе во форма да добие и посериозна минутажа. На крајот, сепак најважно е што Рус е здрав и што уште долго време ќе го носи дресот на Ајнтрахт“ – истакна Ковач.

Се вчитува...