Марко Симоновиќ пред портите на Цедевита Олимпија

Марко Симоновиќ го раскина договорот со Зенит и е подготвен за камбек во АБА-лигата, но тоа нема да биде во таборот на Црвена Звезда, клуб чиј капитен беше српскиот репрезентативец пред трансферот во Русија.

Новиот проект Цедевита Олимпија е сериозно загреан за да го доведе Симоновиќ во својот табор, а според медиумите од регионот преговорите се во завршна фаза и српскиот интернационалец во најскоро време би требало да потпише двогодишен договор. Новиот хрватско – словенечки проект најавува атак на највисок пласман во АБА-лигата, но се уште не стартувал со мега-трансфери.

Досега се доведени Едо Муриќ, Мартин Крампељ, Саша Загорац и Мирко Мулалиќ. Покрај Симоновиќ, се преговара и за транфер на Јака Блажич, кој стана слободен играч по истекот на договорот со Барселона.

Се вчитува...