Марко Симоновски со првенец за Сепси против Јувентус (видео)

Марко Симоновски блесна во вистински момент за Сепси, носејќи му ја на својот тим првата победа во разигрувањето за горниот дел од табелата во романскиот шампионат. Сепси му гостуваше на Јувентус Букурешт и триумфираше со 0-2 пред се благодарение на одличниот настап на Македонецот, кој се покажува како големо засилување по трансферот од Финска во овој романски прволигаш.

Имено, на стартот од второто полувреме Симоновски прифати една топка на петнаесетина метри и со силен и прецизен удар го матираше голманот на Јувентус, најавувајќи ја победата што беше запечатена со гол во судиското продолжение.

Ова беше прв погодок на македонскиот голгетер во четвртиот натпревар за новиот клуб, што сигурно дополнително ќе ја зголеми самодовербата кај Симоновски во пресрет на финишот од оваа натпреварувачка сезона.

 

Се вчитува...