Маркоски: На Пелистер му требаат бодови, но и ние сакаме во Европа

Работнички в недела, со почеток во 15 часот, ќе го пречека Пелистер на домашен терен, во рамките на 29.коло од Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ се враќаат на арената „Филип Втори“, а дуелот со Пелистер ќе биде директно пренесуван на Телевизија 24.

По поразот од Ренова, тоа е убава можност за враќање во победнички ритам, размислува крилниот играч Кире Маркоски.

„Не заслуживме пораз од Ренова, но една грешка може да биде кобна и тоа го научивме на овој дуел. Веќе сме фокусирани на новото искушение, в недела ни гостува Пелистер. Тоа е квалитетен тим, кој ќе игра повторно во финалето на Купот, а се бори за опстанок во Првата лига, и сигурно дека нема лесно да се откаже од бодовите. Но, и нашата амбиција е јасна, да се обидеме да избориме пласман во Европа и за следната сезона. Се надевам дека ќе ги исполниме задачите на тренерот Ѓоре Јовановски, а тоа ќе не води до победа“, вели Кире Маркоски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...