Маркоски: Сакам трофеј, но не мислам на пензија… планирам да го урнам рекордот на Кире

Искусниот Никола Маркоски е свесен дека македонскиот тим нема да има нималку лесна задача на реваншот со АЕК, предупредувајќи на една работа што мора да се подобри во однос на првиот меч – дисциплина во нападот и намалување на бројот на технички грешки.

„АЕК е една одлична екипа составена од добри ракометари. Иако имаат минус четири, сигурно нема да се предадат, ќе направат се за да се вратат, да се покажат во најдобро светло. Наше е да ја играме нашата игра, како и на сите претходни натпревари. Го подготвуваме мечот, да го намалиме бројот на нашите технички грешки и со цврста одбрана да стигнеме до нова победа и да стигнеме до историски трофеј за РК Алкалоид“, изјави Маркоски.

Пивотот е еден од клучните играчи во одбранбената зона на Алкалоид, па Маркоски иако е еден од најискусните во таборот на Алкалоид.

„Искрено се надевам дека в недела ќе го кренеме првиот европски трофеј со Алкалоид, но и дека тој нема да ни биде последен. Имам 35 години, но не размислувам за пензионирање. Кога доаѓав во Алкалоид, се договоривме со Кире да го урнам неговиот рекорд и да играм до 43-годишна возраст“, прокоментира македонскиот репрезентативец во таборот на Алкалоид.

Се вчитува...