Се поголема е веројатноста дека месец јануари ќе донесе големи промени во Манчестер Јунајтед со заминување на Маркус Рашфорд. Англискиот репрезентативец е пред излезните врати на „Олд Трафорд“, а новата дестинација се очекува да му биде Милан.
Италијанскиот клуб изрази голема желба за ангажман на 27-годишникот во кого гледа како идеално решение за долги стази. На легендарниот клуб не му се проблеми ниту големите примања на напаѓачот па се е подготвено за трансфер.
Рашфорд целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед настапувајќи на 426 натпревари со 138 голови зад своето име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА