Нерешениот резултат помеѓу Бразил и Мароко не им донесе само бод на двата тима на отворањето на Мундијалот. Тоа донесе и историски момент за оваа африканска репрезентација.
Мароканската еслекција освои бод против Бразил на Светското првенство за прв пат во историјата. Двете репрезентации се сретнаа само еднаш претходно на Светското првенство, во 1998 година во Франција. Тогаш Бразил победи со 3-0 со головите на Ривалдо, Роналдо и Бебето и се пласираше низ групата без поголеми проблеми.
Речиси три децении подоцна, сликата беше сосема поинаква.
Мароканците одиграа храбар натпревар против петкратните светски шампиони на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, поведувајќи преку Исмаел Саибари и на крајот освојувајќи вреден бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
