Марота: Алегри останува во Јувентус и следната сезона

Генералниот менаџер на Јувентус, Џузепе Марота, за италијанските медиуми потврди дека Масимилијано Алегри сигурно и следната сезона ќе ја предводи „старата дама“. Тој ги демантира гласините дека стратегот на Јуве ќе замине во Англија и дека ќе биде нов менаџер на Арсенал.

„Алегри и следната сезона останува со нас, во тоа можете да бидете 100% сигурни. За тоа не постојат никакви сомнежи. Имаме одличен однос со Макс и среќнио сме што е наш тренер, но знам дека и тој е среќен што е на кормилото на Јувентус. Не постои ниту една причина за разделба“, изјави Бепе Марота.

 

Се вчитува...