Марсеј не запира со засилувањата, потпиша и Гвендузи од Арсенал

Олимпик Марсеј со зголемени амбиции ќе влезе во новата сезона откако поранешниот европски првак го комплетираше доаѓањето на Матео Гвендузи.

Францускиот играч за врска доаѓа од редовите на Арсенал, и тоа на едногодишна позајмица бидејќи Гвендузи не е дел од плановите на Микел Артета во таборот на „топчиите“. Тој ланската сезона ја мина како позајмен играч во Херта Берлин, но овојпат реши да се врати во татковината и ја прифати понудата на Олимпик Марсеј.

Клубот од „Велодром“ веќе го осигура потписот на крилниот офанзивец на Рома, Ченгиз Ундер, потоа Бразилецот Жерсон од Фламенго, а во завршна фаза се и преговорите за позајмица на голманот на Рома, Пау Лопез.

Се вчитува...