Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ би можел да ја продолжи кариерата во Италија. Неговите услуги се понудени на торински Јувентус.
Откако ја напушти Саудиска Арабија, каде што играше за Ал Наср во претходните три години, Марсело Брозовиќ се враќа во Европа со голем број понуди на маса. Брозовиќ бара предизвик во најдобрите лиги во Европа, а сега е на пат да го добие она што го сака.
Услугите на 33-годишниот играч од средниот ред се понудени на торински Јувентус. Соработката би можела да се договори многу наскоро.
Иако со години го носеше дресот на Интер, Брозовиќ нема ништо против да биде во Торино. Тој има желба да стане член на „Старата дама“ и повторно да работи со Лучијано Спалети, тренер за кого има многу високо мислење.
Преговорите се во тек. Се очекува многу брзо да се знае дали „бјанконерите“ ќе го ангажираат Брозовиќ. Неговото доаѓање дефинитивно би било вистинско изненадување за многумина.
Секако би бил спектакуларен потпис. Хрватот сè уште има што да покаже, иако претходните три години ги мина во Саудиска Арабија.
Тој има осум години зад себе во Интер, каде што постигна 31 гол и 43 асистенции во 330 натпревари, како и 99 настапи за хрватската репрезентација. Во Арабија, пак, заработи 100 милиони долари за три години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
