Марсело емотивно се прости од Реал Мадрид (ВИДЕО)

Најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, Бразилецот, Марсело на емотивен начин се прости од клубот од кој беше дел од 2006 година.

Тој на денешната прес-конференција со солзи во очите се прости од соиграчите и навивачите велејќи дека Мадрид секогаш ќе биде неговиот дом.

„Мадрид секогаш ќе биде мојот дом. Кога го напуштив Бразил имав на ум само да играм во Лигата на шампионите, а денеска сум најтрофејниот фудбалер во најголемиот клуб во светот“, изјави Maрсело.

Бразилскиот фудбалер стана најтрофејниот играч на „кралевите“ освојувајќи неверојатни 25 трофеи.

 

 

Се вчитува...