Марш на фаворитите, прекин поради дожд, Гоф повторно кобна за Вилијамс – прв ден на Австралија Опен

Шесткратниот осовјувач на трофејот на тенискиот грен-слем, Австралија опен, Роџер Федерер без никави проблеми се пласираше во вторто коло на годинашното издание на турнирот. Тој за само еден час и дваесетина минути го доби во три сета, 6-3.6-2,6-2 дуелот со Стив Џонсон. Мечот кој  беше одигран на „Род Лејвер Арена“ беше прв натпреварувачки за Федерер по АТП финалето во ноември минатата година.

Рутински до вторто коло стигна и Серена Вилијамс. Неверојатната Американка го доби воведниот сет од мечот со Анастасија Потапова со 6-0 за само 19 минути, вториот сет и припадна со 6-3. На Вилијамс и беш потребни вкупно 58 минути за триумфот. Суеприорната Серена сепак не беше најбрза во првото коло. Честа ја има Петра Квитова која ја победи сонародничката Катерина Синиакова за само 51 минута со 6-1 и 6-0 во дуелот од првата рунда. Експресна беше и Каролине Возњаки, за еден час , во два сета се справи со Кристи Ен.

Без проблеми стартното коло го мина и бранителката на трофејот, Наоми Осака. Третата турнирска носителка со 2-0 во сетови славеше во мечот со Мари Бузакова. 15-годишната Коко Гоф покажа дека ланскиот тирумф над Венус Вилијамс не беше само среќа. Таа ја победи седумкратната грен-слем титуларка со 2-0 во сетови 7-6(7-5) 6-3.

На машкиот дел од турнирот покррај Федерер се до прекинот поради дожд, првото коло го мина и Григор Димтров со победата над Аргентинецот Лондеро со 3-1 во сетови.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...