На Купот на Македонија за пионери и пионерки, кој изминатиот викенд се одржа во Велес, Марта Димковска настапи вон конкуренција во дисциплината 300 метри и со одличен резултат од 41.27 секунди постави нов национален рекорд во три возрасни категории – У18, У20 и сениорки.
Со овој резултат Марта ги подобри досегашните рекорди на Жанета Дрнковска до 18 години 42.04 секунди, Дрита Ислами до 20 години 41.85 секунди и сениорскиот на Христина Ристеска од 41.35 секунди.
Марта ја истрча трката за 41.27, со што запиша ново име во националните рекордни листи во македонската атлетика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
