Мартин доминантно до победа на спринтот на Силверстоун

Возачот на Априлија Хорхе Мартин стигна до доминантна победа на спринтот на трката за Големата награда на Велика Британија која се вози на легендарната патека Силверстоун.

Шпанецот до победата стигна пред возачот на Трекхаус, Јапонецот Аи Огура, додека подиумот го надополни вториот возач на Априлија, Италијанецот Марко Беѕеки.

Следуваа Алекс Маркез, Диџантонио, Акоста, Мир и Морбидели. Марк Маркез имаше катастрофална трка на една од патеките на кои има најмалку успеси во кариерата, па спринтот го заврши само на 9. позиција.

Се вчитува...