Мартин Манасков уште една година во Пролет

Порнешниот младински репрезентативец Мартин Манасков и во новата сезона ќе го носи дресот на Тинекс Пролет. Средниот бек имаше одлични игри минатата сезона, се афирмираше како еден од лидерите во тимот, по што раководството му понуди договор за уште една година.

Интерес за Мартин Манасков покажаа уште неколку македонски суперлигаши, но Тинекс Пролет сепак беше конкретен и успеа да го задржи во своите редови.

Се вчитува...