Мартин Стојанов се врати во Брегалница, продолжена соработката со Коцев и со Рајков (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Мартин Стојанов повторно се врати во својата Брегалница.

27-годишниот крилен офанзивец, по две сезони минати во Тиквеш, сега повторно се враќа во синиот дрес каде настапуваше до 2022 година кога премина во бугарскиот прволигаш Септември Софија.

Штипјани, за новата сезона и враќањето во Првата лига, комплетирајќи го ростерот информираат дека е продолжена и соработката со капитенот Стефан Коцев, како и со Бојан Рајков.

Се вчитува...