ФК Силекс и официјално го потврди ангажманот на Мартин Талаков како најново засилување за претстојната сезона 2026/27.
23-годишниот фудбалер во Кратово пристигнува од редовите на ФК Работнички. Станува збор за поливалентен играч кој може да одговори на предизвиците во средниот ред, но и на крилните позиции во нападот.
Талаков зад себе веќе има богато искуство со настапи за неколку клубови во Првата македонска фудбалска лига, како и интернационално искуство на меѓународната сцена. Тој исто така е поранешен член на младата репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
