Мартин Томовски официјално промовиран во Битигхајм

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, и официјално продолжува во Германија. Тој во иднина ќе ги брани боите на Битигхајм, кој се натпреварува во Втората Бундеслига, откако испадна од „елитата“ минатата сезона.

Томовски има огромно искуство со играње во Германија, откако беше дел од Потсдам досега, а претходно беше дел и од Луфвигсхафен.

„Со Мартин Томовски успеавме да потпишеме голман со меѓународно искуство, кој ги докажа своите способности и во германската Бундеслига. Мартин остави многу добар впечаток кај своите претходни клубови и колеги играчи на и надвор од теренот. Тој ќе биде важен фактор во нашата цел за враќање во Првата лига“, вели извршниот директор на клубот, Бастијан Шпалингер.

Се вчитува...