Емилијано Мартинез успеа да ја сочува својата мрежа незатресена за време на финалето од Лигата на Европа со Фрајбург, а успехот на аргентинскиот голман е уште поголем ако се знае дека тој заработи незгодна повреда на самото загревање.
Проблемот стана очигледен откако целокупниот лекарски тим се собра околу аргентинскиот репрезентативец, кој по финалето обелодени дека повредата воопшто не била наивна – бидејќи имал скршен прст на раката.
„Се случи тоа што се случи, на загревањето го скршив прстот. не сакав да паничам, секоја лоша работа носи и нешто добро, тоа е моето животно мото што секогаш го следам. Искрено, беше многу чудно, никогаш досега сум немал скршен прст. Секогаш кога ќе ја фатев топката, прстот одеше на друга страна. Сепак, тоа се работи низ кои треба да се мине. Верувам дека се ќе биде добро, настапот на СП не би требало да биде доведен во прашање. Горд сум што бранев за Астон Вила и што го освоивме трофејот“, истакна Мартинез по финалето во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
