Машката и женската екипa на Зегин Берово се есенски шампиони во jуниорската пинг-понг лига

Со одигрување на вториот турнус во jуниорската пинг-понг лига за машки и девојчиња, пингпонгарскиот клуб Зегин Берово го завршува првиот дел од сезоната на првото место и во двете конкуренции.

Со максимален учинок од 10 и 6 победи, соодветно кај машките и женските, Берово е есенски шампион. Пелагонија и Младост 96 следат во чекор на второто и третото место во двете категории.

„Јуниорската лига е приказ на тоа колку македонските екипи вложуваат во децата и младите и така ги градат идните шампиони на македонскиот пинг понг“ – порачуваат од Пингпонгарската федерација на Македонија.

Се вчитува...