Масимилијано Алегри сака да биде тренер на Пари Сен Жермен

Поранешниот предводник на Милан и на Јувентус, Масимилијано Алегри го означи Пари Сен Жермен како потенцијален клуб во кој би работел во продолжение на тренерската кариера. Тој е без ангажман веќе една година по напуштањето на Јувентус. Решил да се врати на работа и токму ПСЖ е клубот кој му го привлекувал вниманието.

Наводно и спортскиот директор на клубот Леонардо бил силно заинтересиран да го доведе Алегри на клупата. Периодов се повеќе се шпекулира со информациите за заминување на актуелниот тренер, Томас Тухел, особено што тој има уште една година од договорот. Проблем во планот на Леонардо да го доведе Алегри прави пандемијата на коронавирусот која комплетно ги промени плановите на клубот и со тоа елиминирањето на Тухел од клупата веќе не е во редот приоритети.

Ако не му успее планот со ПСЖ, Алегри би сакал да оди во Премиер-лигата. Во време на паузата учел англиски, а често е во Лондон. Враќањето во Италија во моментов не е опција за Алегри со оглед дека во топ клубовите тренерските позиции се пополнети.

 

Се вчитува...