Маскерано си оди од Барселона на крајот од сезоната

Аргентинскиот интернационалец Хавиер Маскерано на крајот од сезоната ќе си замине од Барселона. По осум години на „Камп Ноу“, тој ќе си замине од клубот како слободен играч.

Маскерано веќе им ја соопштил одлуката на челниците на клубот, а таа се чини дека е и оправдана со оглед дека искусниот дефанзивец сезонава многу ретко добива минутажа од тренерот Ернесто Валверде.

Според шпанските медиуми, следната дестинација на Хавиер Маскерано треба да биде МЛС – лигата на САД.

 

Се вчитува...