Маскулинас нов селектор на кошаркарската репрезентација на Литванија

Кошаркарската федерација на Литванија го претстави Дариус Маскулинас како нов селектор на националната репрезентација. Маскулинас минатите шест години беше помошник во националниот тим на Јонас Казлаускас и на Даиниус Адомаитис, а сега конечно доби шанса да ја предводие една од најтрофејните европски репрезентации.

Маскулинас како кошаркар славата ја стекна во екипата на Жалгирис, а покрај литванскиот гигант тој настапуваше  и за Проком и Илисиакос. Како тренер неколку наврати беше на клупата на Жалгирис и Литвос Ритас.

 

Се вчитува...