Маслинко уште една сезона во дресот на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје успеа да задржи уште еден кошаркар од ланскиот шампионски тим, откако денеска официјално потпиша нов договор со Андреј Маслинко. Овој 22-годишен кошаркар во изминатиот период имаше уште неколку понуди од македонски клубови, но на крајот реши да остане во МЗТ и во наредната натпреварувачка сезона.

Маслинко кариерата ја почна во Партизан Водно санс, од каде што уште на 16-годишна возраст се пресели во Италија каде што две сезони мина во дресот на Стела Азура, а една во екипата на Пафони Омења. Потоа следуваше враќање во Македонија и по едногодишен престој во Работнички преселба во таборот на МЗТ Скопје Аеродром каде што ќе остане уште најмалку една сезона.

Талентираниот кошаркар минатата сезона настапи на 16 средби во домашното првенство со просек од 10,2 поени и 4,9 скока, со напомена дека пропушти поголем дел од вториот дел од сезоната поради повреда.

Се вчитува...