Масовна тепачка меѓу навивачите пред дербито меѓу Сараево и Железничар (ВИДЕО)

Сараево на нашиот Александар Васоски денеска ќе го пречека Железничар во најголемото дерби во фудбалската лига на Босна и Херцеговина. Нормално како и што е навика дерби натпреварите меѓу двата ривали секогаш изобилуваат покрај со битка на теренот и со дуел на навивачките групи на двата клуба.

Така беше и пред почетокот на денешниот меч во кој „Ордата на злото“ и „Манијаците“ имаа нов меѓусебен дуел на стадионот „Грбавица“. Ситуацијата сега е смирена и се очекува да стартува мечот, а еден навивач на Сараево е префрлен во болница.

 

 

Се вчитува...