Мата во „аут“ до крајот на сезоната?

Нови лоши вести за менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо. Шпанскиот интернационалец Хуан Мата побавно од очекувањата се рехабилитира по операцијата на препоните и би можел да паузира до крајот на сезоната. Тој евентуално би можел да помогне доколку „црвените ѓаволи“ се пласираат во финалето на Лигата на Европа, со оглед дека прогнозите се дека ќе се опоравува до средината на мај.

„Не може да се стори ништо повеќе кога е Мата во прашање. Тој се опоравува, но процесот оди бавно. Сепак, не смееме да го ризикуваме здравјето на ниту еден наш фудбалер“, изјави Жозе Мурињо.

Се вчитува...