Штипска Брегалница и официјално го промовираше своето најново засилување, враќајќи го во своите редови играчот за врска Матеј Ангелов. Поранешниот капитен на младинската репрезентација на Македонија се враќа во својот матичен клуб и во родниот град по неколкугодишниот престој во тимот на Работнички.
Ангелов своевремено замина во клубот од Дебар маало како еден од најталентираните млади фудбалери во земјава, каде што уште од рана возраст се наметна во првиот тим и стекна огромно прволигашко искуство, а зад себе има и кратка интернационална авантура во Украина. Неговото враќање дома се очекува да донесе дополнителна стабилност и квалитет во средниот ред на Брегалница.
Со ангажманот на Ангелов, штипските „сини“ значително се засилуваат во пресрет на предизвиците во Првата македонска фудбалска лига, каде што сезонава настапуваат како повратници во елитата со амбиции за што подобар пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
