Матеј Јаневски пред продолжување на кариерата во Војводина

Еден од најталентираните македонски фудбалери, Матеј Јаневски е во фокусот на новосадска Војводина каде би можел да ја продолжи својата кариера.

16-годишниот Јаневски, стандарден член на македонската репрезентација до 17 години, деновиве веќе се приклучи на подготовките на младинскиот тим на Војводина каде ќе мине низ тест-период. Веќе се очигледни и првите позитивни реакции од стручниот тим на новосадскиот клуб, издвојувајќи го македонскиот фудбалер како исклучителен потенцијал.

Јаневски, кој игра на левокрилната дефанзивна позиција, потекнува од школата на Работнички каде изминатиов период имаше настапи и за првиот тим. Претставува уште еден производ од препознатливата школа на „романтичарите“ кои се водечки креатори на фудбалски таленти во Македонија.

Сега е пред можност за продолжување на својот фудбалски развој во Војводина, клуб препознатлив и по бројните Македонци кои настапувале и настапуваат во неговите редови, како Марио Ѓуровски, Влатко Грозданоски, Даниел Мојсов, Даниел Аврамовски, Владан Новевски.

Се вчитува...