Македонскиот фудбалски прволигаш, Арсими денеска го официјализираше договорот со Матео Софијаноски.
Софијаноски, во Арсими доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров, со кого на 31 натпревар постигна два гола и четири асистенции оваа година, а во минатото играше и за Брегалница, Воска и Тетекс, а како дете ја помина академијата на Вардари и Њу Старс.
Фудбалерот од средниот ред, е репрезентативец на репрезентацијата на Македонија до 21 година, а ги поминал и сите други возрасни групи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
