Матијашевиќ: Мора да го намалиме бројот на грешки

Македонската одбојкарска репрезентација од денеска е во Марибор каде што ќе ги прави последните корекции пред воведниот натпревар од Европското првенство. До дуелот со Финска на 12. септември, одбојкарите треба да го отстранат недостатоците кои ги манифестираа на контролните средби. Селекторот, Никола Матијашевиќ вели дека во поразот од Австрија на последната контрола, се зголемил бројот на грешки.

„Сакав со победа да одиме на Европското првенство, но овој пораз не треба да се сфати страшно. На овој натпревар имавме многу грешки. Досега правевме по четири до ест во еден сет, овој пат беа по седум. На тоа мора да посветиме особено внимание“ – вели секеторот Матијашевиќ.

Националниот тим денеска има само тренинг во теретана, а утре ќе одржи два тренеинга. Потоа следува трансферот во Љубљана и очекувањето на стартот на Европското првенство на кое нашиот состав ќе го има дебитанстскиот настап.

 

 

Се вчитува...