Матијашевиќ : Поразот боли, особено кога е дома

Лошото издание на македонската одбојкарска репрезентација и донесе неочекуван пораз во квалификациите за СП 2019 од аутсајдерот Швајцарија. Со сопствените грешки макеоднските одбојкари максимално си ја закомпликуваа ситуацијата за пласман на ЕП, но шансите се уште постојат, оптимистички најави селекторот Никола Матијашевиќ.

Боли овој пораз, особено што е дома и особено што е од екипа која досега немаше добиено ниеден меч. Но, што да правиме, така е тоа во спортот. Направивме многу грешки во сервисот, ние 20, тие 11, имавме многу послаб блок, што донекаде и се очекуваше дека ќе ни биде слабата точка…Сега мора да се свртиме на натпреварот во Швајцарија кој ќе биде многу покомплициран. Ако таму победиме, повторно може да се вратиме на добар пат, само да го добиеме тој меч. За нас тој натпревар е да се биде или не“ – истакна селекторот Матијашевиќ.

По три одиграни кола, Македонија е на второто место во групата во која се уште и Унгарија и Украина.

Пласман на ЕП 2019 обезбедуваат сите првопласирани и пет второпласирани репрезентации во квалификациските групи.

Се вчитува...