Матијашевиќ: На кого му пречиме што имаме добри резултати?

Македонската одбојкарска репрезентација е во завршна фаза од подготовките за учеството на Европското првенство кое следниот четврток го отвора против Финска во Љубљана. По неколкуте контролни средби одиграни во Скопје, „црвено-жолтите“ последните пријателски натпревари во пресрет на ЕП ќе ги играат на гостински терен против селекцијата на Австрија.

„Овие момци кои се тука веќе со години работат, а јас само им помогнав да се пласираме на едно Европско првенство и тие навистина одработија одлична работа. Во принцип, никогаш не сме задоволни,  не сме сигурни дали сме на 80 или на 90% од нашите можности, повредите ни создаваа проблеми, но во последните денови сме комплетни. Против Шведска бевме просечни, но на турнирот „Чајка“ се покажа дека екипата се крева. Се надеваме дека со почетокот на европскиот шампионат ќе ја кренеме главата високо и ќе ја дриме високо и за време на премиерниот натпревар и по него. Мораме да ги искористиме сите шанси што ќе ни се укажат“ – истакна селекторот Матијашевиќ на денешната прес-конференција.

Кормиларот на националниот тим не ја пропушти приликата да ги напомене и проблемите со кои се соочуваше националниот тим, особено во завршниот период од подготовките.

„Имавме одлични услови во Маврово, благодарение на помошта од спонзорите, но морам да го искажам и чувството кое да не е тажно би било и смешно. Се прашувам кому пречиме што имаме одбри резултати. Целата ситуација се граничи со понижување. Се враќавме од сала каде играа некои девојчина. Не е лесно на екипа кој ја претставува државата да се враќа по два-три пати. Се случуваше кога се појавувме деца да играат кошарка, ни ја исклучуваа климата и тоа ми изгледа крајно несериозно и тажно. Беше доведен во прашање турнирот за кој беа договорени сериозни екипи. Не бараме алиби во тешкотиите што ги имавме. Се рабира дека имаше и многу позитивни работи“ – истакна македонскиот селектор.

Македонските одбојкари ќе останат во Виена до 8 септември, период во кој ќе се одиграат две контролни средби со Австрија. Потоа ќе се минат неколку дена во Марибор, за на 10 септември да се замине за Љубљана, градот каде Македонија ќе го има историскиот прв настап на едно големо одбојкарско натпреварување.

Се вчитува...