Матиќ пред трансфер во Бешикташ

Српскиот искусен фудбалер Немања Матиќ, кариерата ќе ја продолжи во тимот на Бешикташ, тврдат турските медиуми. Наводно сите детали биле договорени, и се чека само потписот. Наводно Бешикташ се договорил со Рен, откако Матиќ одбиваше да настапи за овој клуб поради неисполнети обврски од договорот.

Бешикташ ќе му плати на францускиот клуб нешто помалку од 5 милиони евра, колку што претходно Рен бараше за услугите на српскиот интернационалец.

Матиќ изминатото лето се пресели во Рен од Рома како слободен агент и потпиша договор до 2025 година, но поради несогласувања, јасно беше дека ќе дојде до разделба.

Се вчитува...