Матиќ со совет за помладите: Деца, не одете во Црвена Звезда или во Партизан…

Немања Матиќ има зад себе фантастична кариера во која српскиот интернационалец ги бранеше боите на Челси, Манчестер Јунајтед и Рома, а од оваа сезона настапува во Франција како член на Рен.

Она што е интересно, Матиќ првите чекори не ги направи во Црвена Звезда или во Партизан како голем дел од најквалитетните српски фудбалери, тој беше отпишан како неталентиран од вечните белградски ривали, по што преку Кошице и Бенфика си го трасираше патот до Премиер-лигата.

Како дел од интервјуто на поранешниот српски репрезентативец за „Ју Планет“, Матиќ се осврна на тие почетоци и ги посоветува младите фудбалери, да не одат во Црвена Звезда или во Партизан.

„Ако некое дете ми побара совет, секогаш велам да не оди во Црвена Звезда или во Партизан. Знам, бев таму, и од сегашна перспектива не ме научија буквално ништо за фудбалот. Се што учеа таму, беше погрешно. Кога отидов на едно повисоко ниво, увидов колку било се спротивно во овие клубови од она што значи елитен фудбал. Знам дека е нормално, скаутите на Звезда и на Партизан патуваат низ Србија и бараат таленти, тешко е да ги одбиете кога ќе дојдат со понуда и многу родители ја прават таа грешка. Мој став е дека децата прерано заминуваат во овие клубови, треба да останат во помалите средини бидејќи таму има добри тренери кои можат да им помогнат да се развијат на вистински начин. Ако заминат во еден од „вечните“, ќе добијат нешто, но исто така и многу ќе загубат“, изјави Матиќ.

Се вчитува...