Маурицио Сари го сака Нголо Канте во Јувентус

Францускиот интернационалец Нголо Канте одлучил да го напушти „Стемфорд бриџ“ на крајот од сезоната, а во трката за неговиот потпис влегува италијанскиот првак Јувентус. Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари, соработуваше со Канте во Челси, одлично ги знае неговите квалитети и сака да го доведе во Торино.

За Нголо Канте се интересираат и шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, а неговата вредност на фудбалскиот пазар изнесува 60 милиони евра. Французинот дојде во Челси во 2016 година од англискиот премиерлигаш Лестер и со „сините“ успеа да освои трофеи во Премиер – лигата, во ФА купот на Англија и во Лигата на Европа.

Се вчитува...